незаборав (м.)
И сега, во оваа тивка ноќ крај реката, која повеќе не беше предизвик да се патува, Татко, посиромашен и за последните илузии, како да беше притеснет од Мајкиниот незаборав, на нивната љубов, на нивното единствено годишно време на љубовта која не престануваше да цути во душата на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Шушка коприната
на незаборавот
глода свеста
гризе совеста
јаде жолчката
копнее желбата
се топи, се впива
во лебецот на јазикот
а јазикот е совршен акробат
во несовршениот циркус
на историјата
чијашто кожа е дребна
бродерија
скапоцен марифет
народот е и врач, и враг
Боже благи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во лесниот повев на ветерот треперат пламенчињата и шират светлина над мракот во кој трае тишината што само намерници ја разбрануваат со длабоките потајни воздишки и тивките молитви на незаборавот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)