недопрен (прид.)
Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таков, чиниш недопрен од искушенија, можел да предизвика љубов кај луѓето - со ишмукани коски и гргалец на говор е, судел и бил духовник, сега му суди душовадник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Излезе од телефонската кабина. Полека тргна по улицата и слушаше како телефонските кули шумолат во воздухот, живи, уште недопрени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Феминист(к)ите се во следната ситуација: како Маркс и Енгелс, тие се сомневаат дека постепените реформи ќе го остават во голема мера недопрено скриеното и не неизбежно зло.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Пустините и калифорнискиот песок секако дека најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со болката што сега јасно ја чувствуваше во градите, чекорите му стануваа уште потешки низ длабокиот недопрен снег.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога ќе го замолеше да погледне некој нејзин извештај пред да го прати по електронска пошта, ѝ го враќаше недопрен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Саанот со јадењето остануваше недопрен пред него, иако Бошко само понекогаш ќе го намолеше да касне касај-два.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Колку светови живеат во тебе недопрени?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Му подарив нешто, за мене многу скапоцено. Му го подарив мојот свет. Свет кој беше недопрен. Затоа што многу го сакам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Недопрена чиста душа, примање енергија и создавање моменти на среќа и пријатен живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јас на истиот начин чезнеам по недопрената, далечна и верна на себе, Јапонија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сети се како сѐ беше чисто душата твоја недопрена цела, само лисје под стапалата боси...
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Заробеното тело во тесните фармерки и тесна јакна во целост ја изразуваше нејзината раскошна недопрена женственост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таинствена, недопрена од туѓи погледи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Наидувам на книгата легната на патот, недопрена од ветришта и дождови, знак на цивилизација среде море светулки, ноќни животинки и караконџоли.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)