недоплетен (прид.)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)