недозреан (прид.)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не ми се закануваше. Можеби се лутеше на себе што ме остава навреден и понижен, можеби ја сожалуваше недозреаната младост во мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Крајниот резултат е параноичен, недозреан тинејџер со низок степен на интелигенција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Токму онака како што се бираат лубениците, но сите ѝ изгледаа недозреани и недонесени. Ја влечеше непознатото, недопреното, негазеното.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се најал нешто зелено - недозреано и само повраќа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)