недогледен прид.

недогледен (прид.)

Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зад напластеното сивило, ликот на еден Фројд стануваше нејасен и тој, Иван, почувствува дека совршениот механизам во него се руши со татнеж, дека тоне во црна недогледност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа беше кратковечно бегство, целта, ако тоа беше денот, лежеше уште во утробата на времето зад недогледните ридови на мракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По земјата, до недогледна иднина, лазеа никаквеци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа беше некоја чадлива недогледност и болно недоверливата мисла, озлојадена од гласот на офицерот што му одекнуваше тажно во мозокот, се упатуваше таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не достига до неговата свест ни морето испружено во недогледниот спокој, ни облаците тешки и мрачни, ни девојкиното срамежливо кикотење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денко, иако испотен и зазбивтан од искачувањето по ридот, чекореше како замаен, опчинет од сета таа недогледна убавина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фатило да се темни. Денот зимен, кус, дури да се свртиш ти избегал. Зимата е само ноќ: долга и недогледна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некоја радост ме поткрева над земјата и ништо нема да ми запне, да ме препне. Сѐ е рамно, полно и недогледно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врвиме меѓу недогледен шпалир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се думам така и гледам низ решетките: ми бегаат некои наретки дрвја и некоја недогледна рамница што се одвртува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тие го цепат воздухот над нашите глави и само нашите погледи го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрајно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Прскаат од него милиони искри во зазорените патишта над планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Месечко посилно го разгорел фенерот, во црното море од небеска недогледност... Ти со срце поцврсто од камен заминуваш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Занемен ко скитник под дебелите дабови сенки опуштено со поглед во далечината... недогледна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Одново се загледа во недогледната бледо-синкава шир. Сѐ е под снег и стегнато од студ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)