неделен (прид.)
Се меневме. Неделните излети ги заборавивме, а ти не гледаше дека градот ме оковува во прав и чемер. И здодевност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше сончево неделно претпладне кога чичкото влезе во нашиот двор.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Беше неделен ден. Врапчето уште од утрото стоеше крај прозорецот и не сакаше да јаде.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ме изненади фактот што меѓу посетителите во тоа студеникаво, ситноврнежливо неделно прашко утро, единствен посетител во музејот бев само јас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сигурно тоа не смееше да се дозволи, о, колку ново, шарено, чудно изгледаше тоа неделно утро.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сепак, и покрај чрчорењето на мојава весела придружничка, како да се работеше за неделна прошетка низ чаршијата, кога влеговме во дуќанот, не се осмелив веднаш да го погледнам в лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Еден ден ме покани и дома. На неделен ручек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но оној, чија фотографија сите три љубоморно ја чуваа: тета Наца на пијаното, тета Менка во кујната, над шпоретот, тета Дитка на телевизорот, врз неделната програма – тој имаше токму такво лице: отмено, благо, а непроникливо – лице на дарителот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Сабота попладне. Писмото ќе патува два дни и ќе те сочека на почетокот на новиот неделен циклус...“
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чудесно во неделната отпочинка во сопствената соба- оаза е ретка можноста повторно да трагаме по нашите фиоки, книги, по себе во топлите отисоци на предметите и чувствата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Беше неделно убаво есенско утро. Слободен ден.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не беше ни најмалку случајно што тие разгледници ги нарече Randeyvous du dimanche или неделни состаноци.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога ќе стои на неделниот железнички мост, таа ќе размислува за неизбежни патеки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Излегува дека во Скопје сум пристигнал исто во неделен ден.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Лотаријата, со нејзините неделни исплати на огромни награди, беше единствениот јавен настан на кој проловите му посветуваа сериозно внимание.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во кусите неделни денови го посетуваше гробот на дедото Костадин, палеше свеќи на него, водеше нем дијалог со сестра си Добра и со Чана, ама никако да се натера во долгите ноќи да напише писмо.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)