небричен прид.

небричен (прид.)

Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се бричи и се стрижи зетот, иако утре пак „официјално“ ќе го забричи деверот за да не се појави небричен пред невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше ист како што се знаеше - сив, небричен, со сенка на мртва птица врз челото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се сети дека е небричен и ќе се збуни. Влези, ќе рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прашуваш ли за Август Рицман? Беше небричен костур маскиран во жив човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Небриченото лице не ја издаде болката на дланките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Доктор Коста се врати дури следното утро. Измачен, темен во лицето, небричен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се потпирам на една бука, така со челото на мовта, како на небричен образ од некој роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денес сум капнат, небричен. Ноќта е ведра, стегна цикна, на снегот се огледува месечината. Прстите сѐ повеќе ми се вкочануваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ај мајката, си велам и ги гледам вакви парталави, со нечисти чевли, немиени, небричени, прости... Кај да ги носам таму. Јок ќе направат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беше небричен и поцрвенет во очите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејзе ѝ е испомешана сликата и од тоа што пак се појави Костадин, устрау да го удре, се завртува да ги затутли внучињата да не настинат, а тој седнат веднаш до неа, си ја чеша небричената брада божем се чуди што ги снашло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На нозете немаше чевли; низ дупките на чорапите ѕиркаа два големи нечисти палци. Беше и неколку дена небричен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги пристенчи тие усните негови на тие образите ќумур црни и небричени, ги стегна и забите и така на инатено кога ни викна да мава по тил, по глава, сѐ додека не му побегнавме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)