неартикулиран (прид.)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да се биде сам со неа
која е тука некаде
но сѐ уште неартикулирана
барем од овој агол од кајшто јас гледам
веќе тропка по прозорците
веќе грепка во очите !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
3. Горниот свет
Неартикулирана камена композиција
втисната на Гарван, черна древна птица
затскриена зад брезите, дабојте, черешните
меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
двосмислена како поетски знак
и живописна
а ние -
недораснати да ги разбереме
мегалитските, сакрално елементарни
глетани семи на минатото
само ги посакуваме, и -
приседнуваме на Плочите
небаре во неправедно студениот
скут на Господ
кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
во подземјето полно мицелиум
и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Коа нема трава може и табли да кркаат - рече падавичарот и почна неартикулирано да мрда со главата. - Абе какви табли каков бутур.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имаше и неартикулирани бандити од планина кои до вчера стискаа на чкрапалото од калашњиков, а сега стискаа на копчето за гласање.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)