најнов прид.

најнов (прид.)

138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најновото време”, според Мисирков, е времето кога во Македонија туѓите литературни јазици почнуваат да навлегуваат во служба на литературни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1950 година ќе излезе неговата најнова книга песни за деца „Татковина“.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
В раце го држи најновото издание на Клетници од Виктор Иго.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најчесто немаше потреба човек да чита весници, зашто ранетите ги носеа од боиштата најновите вести.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сме ги облекле најновите алишта и сонце ни грее на образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашите најнови модели. Срцепарателни, водо прскатели, лукошприцатели. Ќе го умртвиме вампиро!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гајле им е на нив за најновите методи на модерната психијатрија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Излеговме со Сталинка и другите кози крај реката небаре сакајќи да ја провериме најновата историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидувавме да ги слушнеме и другите шепотења на татко ми, во врска со Сталин, по најновите вести.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како по некој договор, сите дружно, козари сосе козите од маалото, се зададоа кон реката, сите во тек со најновите историски настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште повеќе, маскиран во комерцијална и тривијална литература, овој писателски анахронизам, во најново време, нападно се рекламира на европската литерарна сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Првата го смести меѓу кориците на магазинот целиот свој нов управувачки комплекс, комплет со кулата и покривот, а вторава компанија тродимензионално го „огласи“ својот најнов компјутер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе