најкраток (прид.)
Меѓутоа, сите присутни беа цврсто убедени, а тоа повеќепати и го нагласуваа, дека козарите, кога ќе видат што ги чека, во најкраток рок сами ќе се откажат од козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, еден објект или образец е случаен ако неговиот најкраток можен опис е самиот објект.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Всушност неизвесноста потраја покусо од најкраткиот миг.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Твоето око во најкратка насока гледа. Врзи го, затоа за изворот на светлината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во статијата Јосип Броз Тито во најкратки црти ја прикажал борбата што ја воделе народите на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овој разговор како да беше најкраткиот пат за да се приближи до вистинската тема која ја засегаше Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веќе и најкратките планинарски тури за него беа измачување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)