најаде св.

најаде (св.)

Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прошетал по сето Коњарско поле и слегол дури на Врбјанско, крај блатото, та си се најал жаби, кауѓерици, скакулци и гуштерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нашите дедовци наречувајќи се Бугари и не мислеле оти ние ќе правиме од тоа име капитал за да се најадеме, да се напиеме и да се облечеме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што ќе јаде, што ќе облече? Од гледање не може да се најаде. А, а, ништо од тоа нема да биде!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АНЃЕЛЕ: Не ми се јаде повеќе, се најадов убаво.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од слеп сиромав, манастирски ѓак, се најаде првин леб, со лебот побара сиренце, мавца, сланинка. Му текна дури и за мазниче — зелниче, та дотера дури до алва. Оти пак да не тера човекот?!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првите дни Крчо се надиши слободен воздух, се најаде слободен леб, се напи слободен вода; та дури така се распеа, да се зачуди попот, и сестра му, и целото маало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кој знае што ќе направеа ако Пеце не си спомнеше дека еднаш кога добро беше најаден солца, испи неколку зглопци вода, а не десет вакви шишулиња.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Борис знае - во таа куќа е штабот; одговарајќи на бабиното прашање дека е здрав, добро облечен и секогаш најаден, се ведне кон нејзиното чело и ја целива.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие, значи, мајка му и сестра му се најале а за него не оставиле ништо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нека се најаде нејзиното дете, зашто по цел ден трча и навистина огладнува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка му пак отсечува поголемо парче, пак го мачка со мармалад, му го подава и му вели: - На, најади се па не ми додевај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Злато колку да сакаш, но Малчо Златотворецот беше гладен, а со златото што му ги исполнуваше рацете, не можеше да се најаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што ќе ми толку злато кога не можам да се најадам обичен леб, да се напијам обична вода...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ем децата ќе ги и изгледам, ем ти баре леб ќе се најадиш. Не гледаш гладна си секој ден".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента, на големиот одмор, Димче со сила го натера Павле да земе половина од неговиот појадок и, заедно, колку толку се најадоа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во понеделникот Димче ѝ рече на мајка си: - Мамо, во последно време не се најадувам со еден сендвич, те молам да ми даваш по два.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе