најава (ж.)
Просто чувствувам како пријатноста ми доаѓа и пријатно ми е од самата најава на пријатноста.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Меѓутоа, овој пат тоа не беше прогласување на воена победа, туку само најава за едно соопштение на Министерството за изобилство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега знаеше дека биле најави на поголемата бура, но тогаш (пред само неколку месеци, но како да било многу одамна) мирот околу него имаше вкус на вечност, а луѓето живееја како таа вечност околу нив и нив да ги сторила недопирливи и бесмртни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
О, секое одење по печурки
разговор е со демонот на преобразбите
Овидиева тема, протејски мерак
подотворање на умот
најава на оностраниот моќен сурат
на стерната, стијата, привидот
и тоа најмногу кај оние кои
на овој свет се мислат
свои на свое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тууу, кај баш сега. Беља. Толку народ собран, толку најави.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
54 одвоени и сосем независни права од групата на „економско-социјални права“ на граѓаните; б) испуштени се одредбите кои говореа за одлуката за стапување во штрајк и за штрајкувачкиот одбор кој ги води преговорите (чл. 2, ЗШ/91), а наместо нив се воведоа термини од типот „повик и поведување на штрајк“ и „писмена најава на штрајкот“(чл. 236, ЗРО/05); в) ја нема ниту експлицитната одредба која предвидуваше дека организирањето, односно учеството во штрајкот, под условите утврдени со овој закон, не претставува повреда на работната обврска, не може да биде основ за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на работникот и не може да има за последица престанување на работниот однос (чл. 13, ЗШ/91).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Уште од самиот почеток, од насловот кој е извлечен од стихот на една песна на Хелдерлин, новинарката што го водела интервјуто, не наведува на ставот на филозофот кој за кризата вели дека е време на неизвесноста, но и најава за појава на нови сили кои би ја употребиле својата творечка моќ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Смирувачкото дејство на јодната бања сѐ помалку го чувствуваше. Доаѓањето на „незнајникот“ беше без најава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мирис на леб народски кој се пече, најава на пред жетва жито, кон непознати тајни зелени и непрегледни кој со мирис како плима влече.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тие, кои емоциите ги ставија настрана и знаеја да мислат, ова го сфатија како најава на големи и бурни настани, а другите, просто, како најава на војна..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)