нашепне св.

нашепне (св.)

А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не смее секое нашепнување да се зема здраво за готово - ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
О изечена безнадежност или нашепната само доба на ветрот тој злочест Воин од Житијата што доаѓа да го опседне нашето спокојство и да ги разбуди сите сенки на плачот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)