нафрла (св.)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И пак се нафрлува на карпата. Започнува битка, тешка, неизвесна и без крај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој пак се нафрлува на карпата. Од некаде му надојдува сила.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Седнавме, а Сашо веднаш се нафрлува врз јадењето. Весна чека.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но качаците како ливоти, истата или следната ноќ, пак се нафрлуваа на селото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето се грабаат, се нафрлуваат, кубат од месото. А тоа живо не се кубе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни се нафрла по голите меса и нѐ скокотка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Колосот кој го прегази целиот свет! Карпата на која залудно се нафрлаат ордите од Азија!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постојано имаше по пет до шест луѓе во црни униформи, кои истовремено се нафрлаа на него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понекогаш ги прекопуваат образите и се нафрлаат на јазикот.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не им завидуваме на предавствата кои се нафрлаат, пред сѐ на јазикот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ја отвори прво вратата в лево, но таа просторија изгледаше како остава во која беа како нафрлани ноќвите, синијата, некои канчиња, буриња, котли...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Врз асурата во гробот го фрлија кетинот со кој беше завиткано телото, а врз нив ја нафрлаа тргнатата земја и го наместија гробниот камен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)