нафати (св.)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Протиница гледаше право в очи, не оставаше ни малу сомневање дека за каква било работа да се нафати таа, ќе ја оствари.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој ќе се нафати да те храни, да те облекува, да те пои, само да му даваш злато...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сонцето зајде, се нафати мракот, се стемни, езерото ги промени сите бои и најпосле остана со една чакната блескавост што зрачи студенило.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Прозорците затворени, дрвјата во дворот исчезнале низ времето И само едно без сенка го нишаат ветришта есени: Под него стои еден згниен тланик на кој се нафатил лишај
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се нафатиле солзи на трепките и го гледам како низ некоја коприна, што се вели, како во вода да ми е влезено со лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ти ли си Бесното, ми вели, а мустаќите ко струни му свират и му светкаат од росата што му се нафатила на нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Секогаш мора да расипеш нешто, - си помислив, ловејќи го со лажичето парчето одвратен кајмак што се беше нафатил на површината од шолјата со млеко.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Беше почеток на октомври, утрото студеникаво, некаков проѕирен сињак ми се нафаќаше по брадата и мустаќите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Се нафаќам од атер за тебе“, ми вели, „бидејќи ти ја знам желбата и идејата. Инаку, не се исплаќа“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тие нејзини зборови уште никој не се нафатил да ги стави на хартија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
До овој гроб имаше уште едно гропче тврда земја, со две-три сиви плочи налегнати дамна во земјата. Низ нив се нафатиле капини и трева.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мислам оти згрешив кога не се нафатив да ги разгонам овие облаци од неговата глава бидејќи токму таквите темни тревоги го поттикнаа она што наскоро се случи со него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Никогаш не би се нафатил да бидам судија на љубовта помеѓу Сузи и Генералот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Откако послуша, виде што е разговорот и, како сам за себе, извикнувачки рече: „Е-ху-хааа... Со која историја сте се нафатиле вие.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трчаа со пушките в раце по селски пат што минуваше меѓу високи ѕидови густо обраснати со скреби нафатени по дрвјата крај меѓуселскиот пат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)