наудолу (прил.)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И овде почнувам од нула, од најдолу. Од понижување.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ама низ нив божем имало дупки длабоки, а водата езерска низ нив течела наудолу. - Па и можело така да е.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Не си го знаел патот наудолу - накај нашето село...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Водата не стои. Прелева од коритцето, продолжува наудолу, а потоа тоне во еден процеп. Понорница...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)