натпревар (м.)

Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И стана ироничен: а јас сум само пламенен навивач во еден натпревар. Пасива на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога запролети тие двајца знаеја да го затворат своето дуќанче и во неделните попладниња да заминат на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И навечер заспива како претепан, зашто, мајко моја! – цел еден ден поминал во натпревари!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Натпревар на спанковците На париските часовници веќе е седум но Жан Жак не сака да стане, да се обува, да се мие. Жан Жак во ова утро главата под јорган ја крие.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Стотина очи го следеа натпреварот на детето со смртта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сега ја држеше лажицата в рака, гледаше како сите околу него сркаат, како да се на некој натпревар по сркање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стојче заработува добро. Постојано игра на прогноза за натпревари со коњи, кои се одржуваат на еден од блиските хиподроми до Сурен, на „Лонгшан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ние сите ќе одиме на натпреварот, рече Саздов. Ќе ги бодриме нашите! ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Страстите пак надвладуваат. Влегувате во лудиот натпревар. Сите возат брзо па и ти самиот го правиш тоа...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу практични потреби им разрешуваше на жителите на Потковицата, многу тајновити нешта, многу легенди, многу остатоци од цивилизациите и војните што поминале тука се заплатиле во неа па и ден-денеска се во жив натпревар со времето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Мусли бег тоа му одеше во прилог, веруваше дека на тој начин меѓу чуфлигарите ќе се закоренат некој вид натпревари, па кон нив и нивните предлози пројави особена наклоност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чекаше. Во кафеаната, гостилничарот и пет-шест гости, сите мажи, слушаа радио- пренос од некој фудбалски натпревар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој веќе не мислеше на фудбалскиот натпревар за што бевме собрани.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе