натне (св.)
Во сегашниот случај, тој, освен другото, ми натна мене и себеси на главата по една шапка и ние излеговме на улица.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија. На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Како по правило, таман кога ќе си ги натнам штиклите, а ученичките нестрпливо стискаат на свирката во автомобил, се буди „геријатријата“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бојана и Александар набрзина ги натнаа гардиските униформи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)