наткрили (св.)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Затоа што губиме, а оние што имаа малку повеќе прочитано, што имаа завршено и офицерски школи се обидуваа да објаснуваат, но може ли да се наткрили желбата и упорноста за да се постигне замисленото?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само да трепне во сонот и јас ќе се наднесам над него, ќе го наткрилам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одеднаш стивнаа гласовите. Кавал ги наткрили.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)