натежне св.

натежне (св.)

Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Молчеа немо, со наведнати гранки натежнати од снегот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Детето занеме. Нејзиниот глас го пресече, скова. Крилата на радоста му натежнаа, смалаксаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така можеа да мислат на иста тема, единствена, и да починуваат од времето што им имаше натежнато како планина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дрвјата на ридот од Профим натежнале и дрочат: сонцето легнало на нив и ги квачи; небото е проѕирно, блеска како вода и не дава да се гледа во него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Впечатоците натежнуваат, ги бележиш, колку можеш и додека тоа го правиш пред себе гледаш цел филм од сето она што се случило.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одиме така, а жегата натежнува и не занесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А клепките само ми натежнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека Ѕвездана го гледам, велам, кога го налегна, кога силно му натежна болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Некој нов живот натежнал во тебе, вели, и ти ја раширил снагата и образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот им е изменет, зборот плачлив, речиси натежнат од солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнале ко трудни жени, што се вели, не се гледа полето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа се случувало кога ќе пламнела омразата помеѓу луѓето, ќе натежнале делбите, раздорот, проклетствата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потребно е само малку за тасовите на вагата на оваа двојност да натежнат на едната или на другата страна и, во суштина, просторот меѓу оние како Јуда и оние како Лидија е многу мал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Станував сѐ погрда и погрда, а очите ми натежнуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку води езерото назбрало! Колку песни во нас натежнале!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми натежна тој спомен, ме стега, ме гмечи и душата ме боли...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некаде пред зори ѝ натежнаа очните капаци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе