насушен (прид.)
И во пристаништето, крај морскиот брег се раѓа нашиот насушен леб.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И си помислувам: колку ли деца во светот гладуваат, колку ли деца сонуваат корка леб, колку ли татковци страдаат што не можат на своите деца да им го обезбедат насушниот леб!? А нашите деца го фрлаат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ова љубовна историја, која ги поруга и ги понижи Јанческите, во Потковицата никогаш не се споменува без насушна потреба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, има еден одговор кој ние многу потребен,како насушен леб, а тоа е следново: Нашиот македонски народ има потреба да направи историски чекор кон новата културно цивилизациска парадигма со цел да се креира одржлив општествено економски и технолошки систем, на тој начин осигурувајки го својот културно цивилизациски ОПСТАНОК.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оттука сметам дека: без минато на оската време нема ни иднина, само бездна би настанало, која без таа насушна рамнотежа би се појавила одеднаш!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Воодушевувањето е еднакво
на вода плус душа, свежа
изворна, поривна.
Насушна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Лебот наш насушен како судбина. Мизерија форевер, кубурот за зорт заман.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
7. кога се враќав од јапонија како да се враќав од иднината каде што се во полн замав курсевите по интерпункција на изненадувањата и каде што гравчето на леб се мачка а не како кај нас што се крка со лажица гравчето наше насушно на леб се мачка јапонското гравче
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Лебот е насушен, народот загушен од сите страни со грабливци опкружен внатре со јуди во партиска битка европска курва за јајца не стиска
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
- Не оставаат сув да го јадеме лебот насушен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Две жени - две мајки... Од нивните очи зрачи и блика длабока размисла за судбината на рожбите и страв и исчекување и огромната и насушната желба чедата да се живи и здрави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)