настојчив (прид.)
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И настојчивиот ритам на ова ноќно светулкање се вселуваше во душата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Телото покорно се опушташе на настојчивиот притисок на прстите. по налужената кожа се појавуваа и исчезнуваа модри траги.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бригадирот Језекил ги имаше претрпнато во себе сите такви болки и сега беше само настојчив: - А можеби свитка некој, што мислиш, ха...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бев настојчив, иако тој тоа секогаш го одбиваше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Му реков: „Само малку повеќе да си бил настојчив, финиот капетан Живкович можел и со ордонанс да те стори.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Со своите тажни очи на кои тогаш првпат го забележав настојчивиот поглед, ја фиксираше мајка ми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Морам да одам”, рече таа, и ни се насмевна со својот тажен, настојчив поглед, кој потсетуваше на погледот на татко ѝ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како фотографијата со скромниот, настојчив поглед на тетка Рашела. „Добро - го прашав неодамна татко ми - ќе ми кажеш ли нешто за неа?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вистина на неколкупати и зина, ама одговарајќи на настојчиви прашања поради што тој што прашуваше имаше чувство како со клешти да му го корне одговорот од устата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)