насрчи св.

насрчи (св.)

На тие зборови и друзи Силјанови што им ги велел на другарите, тие уште повеќе го насрчувале да јаде најслатки работи, чунки покрај него и тие јаделе и пиеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја насрчуваа: пак заедно ќе играме балет!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ајде понатаму! – го насрчуваа гостите. Но Зоки пак застана.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша: „Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во 17. век Власите сточари, за да отворат пасишта, ја запалиле, а Турците сопственици на чифлизи, за да се одбранат од ајдутите што се криеле во гората, ги насрчиле жителите на околните села да ја исечат за огрев и градење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и таа ме насрчуваше: „Навистина убаво ме забавуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Само уште еднаш. Ти најдобро го правиш тоа - ме насрчи таа и ми го сврте грбот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговата смиреност посебно ме насрчи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако малку столчен од нејзиното зло око, ама решен да не ја испушта јадицата и да биде денес или утре тоа што и татко ѝ, сепак се насрчи како мачор на оса.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По летувалиштата, а особено по бањите, младите шахисти го привлекуваат и вниманието на жените, секогаш готови да ја насрчат талентиранта младост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби ќе треба и да се насрчи и умилен да се шепне збор.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Токму таквото однесување уште повеќе ме насрчи. Навалив со сето мое искуство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Сотри ги лошите соништа накотени под навлакава“ ја насрчуваше раката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Настанот што ќе ви го опишам всушност и ме насрчи час поскоро да ѝ ги презентирам на нашата јавност моите наоди во врска со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)