насмев (м.)
И Кузман горчлив насмев сал на својот враг му прати.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Чуварот ги замрешкари клепките, и малку збунето и малку стаписано, растегна насмев на бескрвните усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги стегна усните така што тие направија блед, тесен раб, потоа ги растегна во презриво ладен насмев.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но тој насмев остануваше наполу, замрзнат, зачуден, со одвај дофатлив израз на навреденост и збунетост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Очите ѝ појдоа на сликата негова обесена на ѕидот и се штрекна: на неа го виде истиот оној згрчен насмев што му останаа пред смртта на устата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сѐ му се врти, а на оската од вртелешката стои омајниот насмев на убавата кукла на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Знаеш, знаеш. – Одговори насмевот на куклата низ растегливоста на двете уснички полуцрвени и тивки како мед – тоа што го мислеше дека не знаеш што зборуваш, само потврдува дека си заљубен до коски.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Со нежен насмев кој заблеска дури до очите на самовилата, и уште понежен глас, тој одговори: - Ако е речено од господа и од кралот Вок со едно око “печеното“ ќе си дојде само по себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Душемето ги покажа чамовите штици со кафеавите шарки низ нив од чиј насмев чиниш и одајчето како да се подрашири.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но еден поглед, еден збор и насмев! Ми го украдоа срцето занавек!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но еден поглед, и еден збор и насмев. Ми го откраднаа срцето за навек!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Милка ја крена главата нагоре, се сретна со благиот насмев на нејзиното лице (нешто сосема друго наспроти нејзината снага и глас)
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Широко се насмевнав и тој насмев, макар слеан, без острина, го видов во огледалото на водата долу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Прв пат гледам насмев на нејзиното лице.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пелагија, доејќи ја малечката Пелагија само се насмевнуваше и од тој нејзин насмев темникавата одајка стануваше посветла.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И мислеше – кога ќе откријат во насмевот негов знак на невиност дал’ повторно ќе го убијат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сите отстапуваат в темница, и само Рангел полека излегува, со рацете одзади, со демонски насмев на големата уста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во сонот успаното Езеро е со лице на дете! но штом пред волшепствата на муграта насмевот ќе му се назбере се престорува старец: дедо или прадедо на вечно младите води. …
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)