наслушувач (м.)
ЛУКОВ: (Наслушува.) Ми се чини дека доаѓаат.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Врз него полегнала тивка очаеност. Само затоа ли се повторил како наслушнувач?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еден ден поставија прислушни уреди, антени, радари, детектори, рефлектори, наслушувачи, ѕиркачи, чекачи не би ли нашле дира и алира од уривачот, но него никако и никаде да го откријат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)