насити (св.)
И кога се насити секој, со децата смеа почна; плапотеше сешто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
ДЕПА: Господ да те насити. Велат и со сила не е убаво...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Не му ја давам целата, - рече мајката, - ама и уште три пати толку да имаме не ќе го наситат никаквецот штом дошол.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Насити му се, скини го - убавината еднаш се дава и се зема.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали ти се наполни душата дека го насити народот, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Е, сега, го насити народот, му велам, дали ти се наполни душата?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се избистрија и чешмите во селото и луѓето сјурнаа навалица да пијат колку можат и не можат - да се наситат; започнаа фурните по дворовите да чадат, да печат луѓето леб, да јадат, да го заполтат гладот: ги јадеа уште жешки лебовите, уште неостинати; собираа зеленчуци и плодови останати по тињата, ги миеја и ги групкаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Откако се насити со свежа салата, беше со љубов чуван и гален, неговото почетно напредување ветуваше, па со надеж си реков себеси дека пред борот во дворот да ја премине висината на покривот, Освалдовите сребренести рогови ќе се најдат во видното поле на Маргарета за да ѝ ја пренесат мојата љубезна порака; во меѓувреме, одовде среќно би можел да ја замислувам нејзината радост кога ќе го здогледа, мавтањето на плетенките и рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Какво куче!“ му викаше Богдан. „Зарем не се насити на кучиња во Пансионот... Зарем не ти дојдоа до глава...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа им ги насити душите, првпат, откако се родени им ги развесели рацете, нозете им ги разигра, усните им ги распеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Драги Славејко, дали стана богат и славен, прашував сега јас, потпрен на перницата во одајчето, дали се насити душата твоја со разните бои што таму чекаше да ги има во изобилство, дали твојот мекам за шарење одаи го засакаа тамошните луѓе?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со добрите и интересни луѓе постои ист проблем како и со чоколадата - просто не можеш да им се наситиш!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Го гледа заветниот ковчег сместен во светиот шатор, тој симбол на номадскиот живот на избраниот народ и не може да се насити од таа глетка од која му поминуваат трпки низ телото зашто знае дека во Арката престојува самиот единствен и возвишен Бог.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)