насамо прил.

насамо (прил.)

Туку ела да ти кажам нешто пријателски, насамо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ај да ве оставам малце насамо, да си ги искажете маките, ама само малце, и чесно!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Крсте остана со Тода насамо и поразговараа за нејзиното држење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остана Мартин насамо со татка си и намуртено молчи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа кадијата ја викна насамо најмладата своја кадана Мигар и ѝ нареди: – Новата твоја посестрима што ја доби од Мариово уште се тегави; нејќе да се потурчи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЛУКОВ: (Откако ќе остане насамо со Христов, го гледа со надмоќна, цинична, насмевка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пошепнаа само, додека беа насамо, постарите, дека е добро што не полуде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но големите деца веќе не го слушаат и го буткаат да ги остави насамо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Доволно им беше што се заедно и што се насамо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По добрата вечера и пиење, откако останаа насамо, Толе му го кажа планот на Андона.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно требаше да си кажат нешто насамо, па не можеа од нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не сакам со лошите мисли да го оставам насамо. И настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Насамо, кога се разбудувам во ниедно време, си зборувам; камионите кога поминуваат, трчам да го видам, чекам и за мене некој да фрли книга со добри вести за син ми, ете, за мене нема ништо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега секој сам и насамо, што се вели, секој во своја самица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А насамо пцуеше во олтарот: - Крадат, сите крадат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Седиме вака насамо: пушиме и пиеме кафе, си потпуштаме каделки чад над главите, а таа само потпрашува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не го испуштам од видното поле, што се вели, не го оставам насамо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе