наречник (м.)
Туку, што ќе правиш, домаќин ти е... И тоа ти го нарекле наречниците.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се раѓам јас и сите застанале да мислат како да ме одбранат од лошите наречници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не, не јас, наречниците ме зарекле.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Така ти е речено од наречниците, си заборавил. – Одговорија елените што ги влечеа санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Самовилите се виновни, односно – наречниците.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)