напорки (прил.)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Директорот се тргна стреснато и го изгледа напорки дајреџијата: - А, мајката твоја...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)