напатен (прид.)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Очите на нашиот мил и напатен народ во овој час гледаат во мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Што ако дојди време кога да блесни сонце Си оди незнајно кај напатен самик и чека Месечина во крвта да му угреи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Видов ѕидови кои плачат за мурали, пајаци - мршојади, контејнери напатени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Стратезите на албанскиот комунизам, посебно на скадарската трагично-гротескна варијанта, упорно веруваа во успехот дека е можно последното преобраќање на напатената троверна душа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И Татко и Игор Лозински со внатрешната моќ на напатени души во егзилот, силно ги насетуваа метаморфозите во просторот меѓу водите и небото, меѓу богатата езерска флора и фауна и луѓето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Здив
Ух, ухни, воздивни, гукни, така се раѓа Зборот
кога влегуваш во телото на новороденчето
со првиот плач, единствениот
на којшто му се радуваме
- па те нарекуваме Живот
кога се враќаш онаму
кајшто човечка нога не стапнува
- па те нарекуваме Душа
напатена како вечност
кога копнееш, до последен здив
по белата пена во којашто се топиш
од сласт, и исчезнуваш
Ух, ухни вдахновено, така се раѓа Песната!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Македонија како библиска земја беше седиште на разноразни чујни и нечујни матновидци кои ги исцелуваа напатените и очајни транзициони страдалници со телесни и душевни болештини за кои и медицината дигнала раце.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ако Македонецот станал ментална проститутка мислам дека е време да разработам стратегија за отворање институции за граѓани ебани у мозок и на тој начин да се понудат соодветни решенија со кои би се наплатил овој секојдневен труд со кои се соочува кутриот и напатен Македонец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во еден особено трогателен миг на драмата, напатениот Прајор Валтер, здробен од сида и омалодушен поради тоа што љубовникот го напуштил среде бедата на неговата болест, ја запознава безвкусната мајка мормонка на отмениот маж со четвртеста вилица со кој избегал неговиот поранешен дечко.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)