напаст (м.)
Ниту димните замаглавања со ди-дити емулзијата не можеа да ги ослободат луѓето од оваа напаст.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- При напаст на голема болест, вели Маса Кулумоска се јаде лук и куќите се мачкаат со катран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што можеш од таа напаст божја?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако сакаме да се спасиме од напаства и ако сакаме да ни ги пуштат луѓето од затворите, мораме да влеземе во колектив, им велеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И што не претргав од таа напаст, Толи...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На сликите од слетот, што ги донесуваше весникот, тој ја бараше неа да ја познае меѓу публиката, тој се напинаше да прочита од нив колкава напаст ја застрашува и премислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се качуваше на сѐ што носеше фустан - беше права напаст за сите жени во околијата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тој знаеше дека на неговата јадица најлесно се закачуваат вдовиците. - Напаст!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)