нана (несв.)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се трага по историјата на малкуте Мајкини пролеани и многуте задржани солзи, во бегалскиот живот на семејството, мора да се рече дека тие се дополнуваа и со историјата на Татковите, речиси непролеани солзи во долгиот брачен живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За да се олесни вработувањето на невработените лица кои потешко можат да бидат вработени, во три наврати беа донесени времени закони за поттикнување на вработувањето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)