наместо предл.
наместо прил.

наместо (прил.)

Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
122. Така на пр., г.Баласчев, охриѓанец родум, наместо да се занимава специјално со историјата и интересите на Македонија, ми ги изучува бугарските интереси и „материјалната култура на бугарското ханство” 123 нешто што го има за Македонија истото значење како и историјата на Абисинија до покрстувањето на Абисинците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
67. Тие велат: во тоа време кога министерството на Данев ја предаде надворешната политика на Бугарија, во рацете на Русија, последнава, наместо да ни помогне, направи да се ракоположи Фирмилијан во Скопје, и друго, не направи ништо за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не ти е жал за мајка, Томче? Наместо да ми помогнеш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овде се растурија гласови, оти како наместо те отепал Ристаќија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Секако би бил исмеан од народот што, наместо да ја отплатам крвта од татка ми, земам внука негова од сестра за жена“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Другите двајца само што се појавија на вратата и тие беа наместо убиени. – Сега едни од пенџерињата да не ни побегне натаму – викна Трајко и сам се турна во отворената врата на конакот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оваа пукна и Расим падна наместо погоден баш во средината на голиот градник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, се враќа наместо човекот. - За малку да умрам, вели Витомир, и пак зема ракија, се напива, издишува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Затоа што ќе го убиев, ми вели, наместо ќе го оставев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поправо, сите се согласија дека Драганка ископаната земја и бозјето врз неа толку вешто пак ги вратила наместо, што не оставила никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Цели водови се прегазени наместо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може наместо да останам закована.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Згрозен од тоа, јас наместо да му го подметнам газот на лизуркото, го ритнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе