налутен прид.

налутен (прид.)

Налутен, Мече се сврте со грб накај него, обидувајќи се безуспешно да заспие.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Па да не му вариме манџа, - налутено извика некое од нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман, налутен, го удри Мирчета со нога уште еднаш и рече: - Да запаметите како не се давало на Лумана арамијата...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин, налутен, си отиде заканувајќи се: - Ќе види тој!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ама не, бабо, какви овчари? се буни момчето и, божем налутено, го мести реденикот; потоа се присетува и ги открива ретките, бели заби: - Прашуваш ли за Овчаровиот баталјон?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не ми требаат твоите шеги! - му рече остро и налутено Веле и додаде уште поналутено: - Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Смрштен, директорот нервозно се заниша и направи налутено движење, да ја ослободи раката стегната од дајреџијата. Но не можеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рече налутено: - Сум убил! Патрокле се тргна и го прекрши гласот: - Џемал-ага не можеш да го надминеш...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Насекаде беше само снег. А Змејко ни кај себеси не го поднесуваше тоа обѕрнување; уште веднаш налутено зачекори напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прислужникот чичко Петре мораше да влетува меѓу нас и со стапот да прави редици, викајќи налутено. - В тил! В тил, прлиња!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Креснува ништо остро и налутено. Веројатно нѐ прашува: - Каде?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Оди си! - налутено го пречека и поточето. - Ти си лошо славејче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Налутено се сврте од нив и местејќи си ја својата матарка на појасот, продолжи сѐ така со навреден израз.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе