накривнува (несв.)
Константин се сопнува на нешто што не е ни камен ни пенушка, на нешто меко и паѓа на коленици, потоа, накривнувајќи се, го спушта од себе товарот врз некој мртов војник.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тропкањето со непознато потекло му ги отвори очите; ја сврте главата кон прозорецот и здогледа врапче како со клунчето кљовка во дрвената рамка и повремено, накривнувајќи си го главчето, фрла поглед преку стаклото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Потоа продолживме да чекориме. Накривнував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)