назадгазум (прил.)
Се враќа назадгазум.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се иставам назадгазум и алкам да се фатам за нешто со рацете. Да си помогнам. За да не паднам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уља гледа во Ѕвездана и во Капинка и назадгазум ја трга Горица. Бегаат од гумното наше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето само се подзавртеа и почнаа да се завраќаат назадгазум кон ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еленчињата се наведнале прудолуглава и туркаат назадгазум.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)