надреализам м.

надреализам (м.)

Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Конечно, надреалистичните книги на Просперо често го преплавуваат целиот екран, страниците од книгите вријат од компјутерски анимирани илустрации и реални објекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Борбата на Дишан за идеите „против“ уметноста го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот и ѝ го покажа патот на авангардата во 70-тите години, од објективната уметност до поп-артот (Енди Ворхол: „Сѐ е убаво“), од минималистичката уметност до концептуалната. 10 год. по првиот Ready-made, Марсел Дишан повторно потпишува едно дело со карактер на манифест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Каталогот од на тој начин расфрланите умножени случаи внатре во книгите со кои останува опкружен задушениот леш прераснува во еден вид на надреалистичка, либрофагиска закана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има еден чудесен Германски надреалистички скулптор Ханс Белмер кој има едно дело наречено „Кукла“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исто така, ни пружа проза која е површински читлива, „задоволство во текстот“ коешто ни овозможува да ги заобиколиме суштинските прашања: текстот може да се чита како чиста комедија, лингвистички slapstick, „надреализам“, „музика“, итн.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Ти се допаѓаат ли надреалистите? Јас мислам дека се интересни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)