надополни (св.)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Завиваа, воопшто не нарушувајќи ја ни со својата писната бол оваа црковна тишина, чиниш и надополнувајќи ја неа, дива и нефатлива, а потем зедоа и да се приближуваат, довикнувајќи се и извабувајќи се на таа месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеш да ги пцуеш, помисли, да им речеш дека се страшливци, дека се арамии, а тие ќе продолжат само да ти се поднасмевнуваат будалесто вака спитомени и, во најлош случај, само ќе те надополнат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се разбира, овој амбиент многу го надополнуваа светлинскиоте ефекти, при што најмногу доминира портокаловата боја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Честите умирачки на своите рожби, мајка ми ги надополнуваше со нови раѓања.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Значи самата ќе мора да го надополнува писмото а и да најде охрабрување за бабата Петра, не ќе може туку така да ѝ каже дека го преселиле на тумбата кај гробиштата да им биде стражар.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ами ене го човекон во црно, еее тамка кај главта на тренто! додека Родна ја надополнува сѐ уште туркајќи ги двете топли цицки во Чанината рака Требало на друг колисек... колосак... демек не можело овде!...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како што во неговата родна земја тој опстојуваше, наоѓајќи погодно тло во наследените ментални структури на власта, овде продолжи инерцијата на забрзаната градба на новиот човек со наследената Сталинова илузија да се надополни изгубеното време, низ засилена градба на нови објекти, над економските можности.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Изградба на земјата, - избрза да го надополни Евдо, како негов половичен постапалник во работата и пијачката. - И бетонирање на мозоците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)