надолу прил.

надолу (прил.)

ТЕОДОС: Мустаќите... Бетер ќе се од твоите... (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна нагоре, да ги види.) Бетер!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
5. Банки дигнаа палати распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули тенки, високи: нагоре кула висока надолу земја длабока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече итро го скри црцалото в пазува и едвај задржувајќи се да не се насмее, се затрча надолу, викајќи: – Кој сака вода, повели!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече трепна од радост и јурна со количето надолу по патот накај реката, носен со немирни мисли ... ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Слезе надолу до Ѓуешево. Ќустендил и таман се запалија магацините во Радомир и се отвори сражението по Владаја, Крле со дружината се качуваше по југозападните огранки на Витоша за да дојде по друг пат до Софија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се наредија сите по старешинство. Најдолу, се разбира, Суло и Злате протуѓерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш се јави Трајанка: - Јас ќе му проговорам, - рече таа и тргна надолу.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Упорно суриваа надолу кон орманот посрамено и без зор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Каменот зад кој стоеја Анѓа и Стојан беше сосема надвиснат и со малку буткање можеше моментално да се растркала надолу по збрдниот брег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Небо - за небо човечност надолу!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Неудрените и лесно удрени нададоа да бегаат надолу еден преку друг да го фатат мостот и да преминат отаде река.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие можат еден ден да побараат да им се свири и со главите надолу. Е баш да не им биде. Фала им лепо. Доста е и ова: секоја вечер до сабајле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Момата што секое утро, во исто време, одеше на изворот по вода, помина крај него со својот земјен сад, зави по каменото патче и заслегува надолу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе