надолнина (ж.)
Така настроени се втурнаа по надолнината и за миг се најдоа на крајот од селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Одвај се додржуваа на нозете што внимателно ги спуштаа на земја попреку, вкопувајќи ги колку што можат, за да не ги повлече надолнината.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На надолница е полесно за трчање, ама потешко за запирање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)