надолж (прил.)
Здодевно му е - бригадата е овде три дни, тој веќе неколкупати ја чистел пушката, го изодел селото надолж и нашир, со окцето шашливо ги измерил сите девојки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Спротивно, да се стекне искуството на вистината е некоја форма на минување надолж и напречно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Благодатното тупотење на срцевото моторче ги потпалува искрите надолж и нашир, па кога чиниш умира, тоа пее, врие песната како од грло на неизгаслив вруток и ги воздигнува добрините.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)