надолго прил.

надолго (прил.)

И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, а Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажување, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимателно слушаше: – Ете така Падишаху.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не е време сега да ти ги објаснуваме надолго и нашироко тие работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ведане, оди најпрво во бањата и искапи се, - нареди татко ми, потоа ќе ни раскажуваш надолго и нашироко. Неволно го послушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кај мајките најдолго трае надежта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и се вели дека вокалите (особено О) се најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако воопшто постои поетско исцелителство, тоа мора да се бара првенствено во вокалите, во тие најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тие мрчале надолго и широко ќе ви продаваат морал, а доколку тоа не би го правеле и би ги пуштиле на пазар да продаваат компир сигурно нема да продадат ниту 2 кила, но затоа доколку ги оставите пред МТВ би биле успешни проститутки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Подготвен сум да се забавувам со него надолго и нашироко, бидејќи цртам портрет колку што можат да ми дозволат овој тап молив и овој изветвен лексикон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа надолго ми пишуваше за нив, за нивните љубови и симпатии, за сите случувања во градот...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)