надига (несв.)
Ко што се бура надига, чајките кога прелетат, така се млади надигат за свое свето огниште.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Маслините во канти по патот, олеандри, крај морето етер со задсмртен пој се надига чекан над птицата- вампир никогаш, Солун, никогаш твој во срцето кол, на земјата патник. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 130
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
божем е бел тигар, бела мечка
се надига како квасец подготвен
за најголемиот леб на светот
(ти викаш светот не е само она кое се гледа
од оваа страна на видиковата линија
и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)