надене (св.)
Му намигнуваа на Отец Симеон и се кривеа а тој ги ширеше очите да сфати и да впие нешто битно во себе, нешто што ќе ја измени таа вечер во чудо невидено: „Не наденувај се на туѓи рогови“, му рекоа браќата на тој што дојде.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не брзаше да надене некого на рогови без да го пресмета тоа со сила на најголем разум на светот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги надена Бојан тие клиси на раженот, стави од другата страна на жарта едно суво дрво, и на него го потпре раженот со сланината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некои ќе ги наденат, некои ќе ги остават улогави.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе ја надене ко со вила, ко со вилушка, велеше, ќе ѝ го преврти чкембето, ќе ѝ ги смеша цревата, ќе ја истрбуши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но ако дознаат, на кол ќе те наденат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој контик ја грабнал едната од трите сестри на Синадин Побожјански и, по малку време, бил убиен зад Лисичија. Виновникот Исидор бил наденат на кол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја кренал полека главата да го надене тој човек на рогот што му никнувал на тврдото чело, всушност ги извлекол рацете од утробата на животното и го зел ножот од крај себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ѝ се доближила, имала што да види, во подадената нога на мечката наденат еден голем трн (глогов) , а мечката со милни очи ја гледала мајка ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Подобро би било да не го присетуваме на тоа. - Кога би можело, ама тој сам се наденува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кога би се вратила долу, би ме докрајчиле спомените, би ме убил погледот од очите на тој што ми ја надена болката над сите болки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дали да го израдува со веста за нивната заедничка рожба, да викне гласно, да се чуе до небесата, да им ги затвори устите на сите кои ѝ го наденаа прекарот „штирка“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)