надве (прил.)
Радоста што се разлеа по лицата на присутните, предизвикана од силниот грмеж, брзо исчезна кога се доближија до топчето и го видоа надве распукано.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Долгите глуждави прсти извадија една надве прекршена фотографија, чуварот едвај преку рамо ја погледна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа беа последните зборови: офицерот го свитка документот надве, колку што е потребно да се смести в џеб.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Суријата се раздели надве по посоките на двајцата и се развеа во две спротивни половини до кај што стасува слухот, разнесувајќи го така крвавиот пожар низ сета шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Надве црвен клас се дели. Буква надве книга кине. Пеат седум Црнци бели.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Старец го крши надве лебот и во лебот гледа како си се престорува во земја и во светулки над неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Старец го крши надве лебот Во лебот жени со српови во рацете И огнот на летото што светка на нивните разголени гради.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Старец го крши надве лебот Во лебот црвен коњ како црвена луња Кога светка на месечината.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепшката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од секојдневните настани бил расчепен надве - едната половина му е врела, гори, во сѐ бара вистина, сиот разум му е во неа, другата станува трупец под мраз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но тој не подзапираше ни тогаш кога стравот надве ќе го свиткаше сѐ до мирисот на земјата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)