наврне св.

наврне (св.)

Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако ќе наврне човек најубаво спие. Покрај алиштата што ти се сушат. 189
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Побеле, ко да го наврна снег, ко да му падна сињак на косата. Така, дури стоеше пред мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го слушам дождот, ми придојдува да излезам и да наврнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не го наврна Сталин снегов, вели, си гата, си меле ко празна воденица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ако по многу, многу години наврнеше голем снег, бргу стануваше валкан, грд. Окопнуваше и долго го држеше градот замрзнат, заробен... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Снегот што наврнал преку ноќта ја беше скрил сета друга грдотија на градот, и сликата што сега ја гледаше пред себе беше прекрасно и неверојатно чиста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во градината нов снег наврна по февруари тмурен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Помислив да наминам и накратко да те видам. Гледам, убаво наврнало на пасиштето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако има дожд, што повеќе ќе наврне - минатото или сегашноста?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Седете, лежете, мижете, тивко дишете, топлете се и молете се што повеќе снег да наврне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)