навлажнет (прид.)
И повеќе од тоа ... Му се замрежија навлажнетите и растреперени очи. Ни се замрежија и нам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Му дадоа навлажнета риза, ги избриша тој рацете, го зеде ножот и го издроби на парчиња.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Наместо на морските и езерските плажи во знак на протест Распнуваат шатори пред зградата на парламентот И наместо да им раскажуваат бајки на внуците Севезден се допрашуваат баш така ли се калеше челикот А меѓу нив има и такви кои во навлажнетите подшаторски соништа
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имаат натечени десни и кога ги допираат со јазикот, им се чини допираат навлажнет памук.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)