навика св.
навик м.

навика (св.)

Откровението не дошло, а навиката станала корава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Навикни се на затвор, навикни се на слобода. По навика се навикнувам, и на тоа што треба и на тоа што не треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сепак, реченицата може едноставно да биде преведена вака: Амбициозниот живее во Javeleu, а јас, јас живеев во спиралата. J’AVAIS L’HABITE има корен во францускиот глагол habite, „населување, домување”, веројатно како и англискиот израз „to have a habit“ (да се има навика).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Геноцидот е нивна навика. -Тие воспоставуваа вештачка немаштија, лишувајќи ги мирољубивите луѓе од природните наследства на земјените изобилства и Божјите дарови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најпосле тој мораше да ја прифати навиката просто со наведната глава да излезе колку што може побрзо.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Винстон се беше откажал од навиката да пие џин во секое време од денот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон размисли малку, потоа го привлече говорпишувачот и почна да диктира во познатиот стил на Големиот Брат: стил истовремено војнички и педантен и, поради навиката да поставува прашања и веднаш да одговара на нив „ Каква поука, другари, можеме да извлечеме од овој факт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Земјата е пекол сува. Според навиката, тој сега ги фрли казмата и лопатата сред копаното, ги удри дланките една од друга, ја облече кошулата и, по малку време, замина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да бидеш сам, вели, е работа на навика. Осаменоста е како песок, ќе мрда, а потоа, кога ќе се исцеди, ќе се сталожи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Нашите мисли немаат навика да се валкаат по јазикот, да се спровираат помеѓу забите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А во периодот Бунроку (1592–1596) навиката на пушењето била толку распространета, што во тоа време настанал и овој пасквил: Работи без дејство На мажите е законот против пушењето, Законот против ковањето лажни пари, Царскиот глас самотен и гаталецот Гентаку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Живее по навика или стекната инерција. Тежнее кон умирање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постепено растеше и навиката да се разбудам и со предизвикот на денот да се соочам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)