навака (прил.)
Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ама, речиси, наваки треба да се ружа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. Не ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги прашува таму луѓето: - А бре, да не видовте ѓупци, вели, да не видовте ѓупци да идат навака?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Меѓутоа, неговите корени ги наоѓаме во некои авангардни движења неколку десетлетија порано - во поштенските акции на дадаистите и футуристите, на пример, почнувајќи од втората деценија навака.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа не е ново прашање бидејќи ги вознемирува луѓето откога нашите очи станале недоверливи, значи барем од предсократовските времиња навака, иако својата вистинска острина ја добива со почетокот на новото доба.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Цар сосе војската лете наваки.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)