мука (несв.)
Но тој само заканувачки пропушта некакви злобни звуци слични на задавено мукање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од долниот дел на плевната, кошарата, сѐ поупорно се слушаше блеењето на овците и мукањето на говедата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А децата, ко деца, си бараат. Децата и добиците никогаш не прашуваат дали има или нема. Си плачат, си мукаат, волчица им вие во мевот. Им се јаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од говедската гробница се јави мукање и ,ржење на пцовисаните говеда и коњи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зар не гледаш дека цело време мука и блека, вели и ја стокмува устата да плукне, дупка да направи во снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Партијата на здравиот народен дух е еден огромен хор во кој секој може да крека колку што сака, но под услов да крека и да се движи во брановите должини и фреквенции на крекањето; не може, на пример, некој да мука кога сите крекаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лево широка железна врата, зад неа голем двор поделен со ограда зад која мукаат телиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)